„Еко Герила“: Пријавувајте ги соседите кои се загреваат со столарија
Еко-активистите од „Еко Герила“ ги повика граѓаните да ги пријавуваат своите соседи доколку забележат дека тие се загреваат со столарија.
Од тетовското еко-движење напоменуваат дека ваквиот начин на загревање со горење на штици од столарија е токсичен бидејќи материјалите содржат бои и лакови со хемикалии.
Пријавувањето се врши до oпштинскиот инспекторат за животна средина со адреса и име на загадувачот на бесплатниот телефонски број 0800-55-043.
- Сепак, недостигот на одржлива алтернатива за греење во текот на сите овие години, големиот број на возила без еколошки стандарди, недостаток на јавен превоз, чистење на правливите улици и нестандардното градење, како и индустриските капацитети се главните причини за загадување во нашиот град, велат од таму.
Тетово во понеделникот на 16 декември завележа нависоко ниво на загаденост на воздухот со 174.22 μg/m3.
Слично
