Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еко акција на скопските бадникари

Еко акција на скопските бадникари

Викендов во месноста Краста во општина Сопиште се изврши чистење на отпад на местото каде што бадникарите секоја година ги извршуваат своите активности и го берат бадникот. Исчистена беше површина од околу 5000м2, а отпадот беше селектиран на пластичен, стаклен, конзерва итн. Истиот беше положен во специјални контејнери за таа намена.

Исто така бадникарите поставија рустикален билборд со порака за заштита на животната средина на патот кон езерото Козјак.

Да ја заштитиме природата.  Пораките кои Бадникарите ги испишаа и ги поставија на паното во месноста Краста се надеваме дека ќе наидат на разбирање кај љубителите на природата и отпадот нема да го фрлаат туку ќе си го понесат со себе и ќе го остават во соодветните контејнери за рециклирање на истото, како што направивме ние денес.


Слично

Поврзани вести