Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици во Прилеп

Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици во Прилеп

По поројниот дожд кој го зафати Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот. 

Со намалувањето на интензитетот на врнежите, состојбата се нормализира. Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго). До овој момент немало интервенции за испумпување на вода од поплавени простории. Имало само една пријава на ул,,Цане Коњарец“, но заради ниското ниво на водата во просториите, ТППЕ Прилеп не интервенирала.

РЦУК - Скопје известува дека од страна на контакт лице на општина Зелениково имало дојава дека кај нив заврнало обилен дожд кој ги поплавило улиците, но нема опасност од поплавување на домови и дека сега засега самите успеваат да се справат.

Деновиве ќе имаме нестабилно време. На социјалните мрежи се појавија фотографии од поплавените улици во Прилеп. Пред неколку дена имаше поплави во Делчево каде состојбата се санира. 

Слично

Поврзани вести