Eкатерина Захариева: Самоопределувањето не може да се прави врз основа на историски лаги
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева изјави дека никој не ги спречува соседите да се самоопределат.
Вели дека тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика.
Според неа, нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на вистината.
Вели дека основата на договорот е заедничката историја.
„Никој не го оспорува правото на Македонија да има држава и како да се самоопределува. Правото на самоопределување е човеково право“, истакна Захариева за бугарската Нова ТВ.
Захариева додаде дека заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања мора да продолжи со работата.
Таа кажа дека во сите документи, како и во оние на Европската унија за почеток на преговорите се споменува и Договорот за пријателство и добрососедство што двете држави го постигнаа во август 2017 година.
Неодамна од Бугарија имаше контраверзни изјави за македонскиот јазик, но и за ликот и делото на националниот херој, Гоце Делчев.