Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екатерина Захариева порачува дека Бугарија веќе нема да ги затвора очите

Екатерина Захариева порачува дека Бугарија веќе нема да ги затвора очите

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева објасни детално која е нивната позиција во однос на Македонија. 

Вели дека Софија инсистирала на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Вели дека довербата е на многу ниско ниво. 

„Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“.

Захариева рече дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.

„Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите“, изјави Захариева.

Според неа, „пропагандата во РС Македонија има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство“.

Сепак, признава дека позицијата не е лесна за разбирање, но дека ќе продолжат со напорите да ја објаснат. Но,  Захариева вели дека тоа не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

„Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја вршат својата работа без политички притисок“, додава таа. 

Наведува дека е загрижена поради „грдите манипулации што ги започнаа политичарите во Скопје дека го оспоруваме нивното право на самоопределување“.

„Напротив, во Република Северна Македонија тие не го почитуваат правото на самоопределување на своите граѓани со бугарска самосвест“, пишува Екатерина Захариева на Фејсбук.

Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија. 

„Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР. 

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

За ветото од Бугарија со реакција се јавија од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски. 

Од ВМРО-Народна се загрижени поради објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија, со цел да се оправда, како што велат од партијата, катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија.

Слично

Поврзани вести