Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ЗА ИМЕТО: Ги поздравуваме чекорите преземени од Владата за спроведување дискусии со Грција

ЕК ЗА ИМЕТО: Ги поздравуваме чекорите преземени од Владата за спроведување дискусии со Грција

Европската комисија ги поздравува преземените од мерки од македонската Влада за ставање крај на спорот со Грција за името кој трае веќе 25 години и изрази надеж дека ќе види „конкретни резултати“, објави „EurActiv“.

„Одржувањето на добри односи со соседите, вклучувајќи и договорено и взаемно прифатливо решение за името, останува нешто неопходно. Во овој поглед ние ги поздравуваме чекорите преземени од страна на Владата за спроведување на дискусии со Грција за зајакнување на добрососедските односи и се надеваме дека ова ќе доведе до понатамошни конкретни резултати“- наведуваат од ЕК. 

Левите влади во Атина и Скопје се оптимисти за решавање на прашањето, кое ја запира Македонија од влез во ЕУ и во НАТО, пишува меѓу другото „EurActiv“.

Медиумот посочува и на зголемениот оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, дека долгогодишниот спор за името конечно ќе биде решен, што на Македонија ќе и ги отвори вратите за интеграција во НАТО и ЕУ.

Слично

Поврзани вести