Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК за Македонија: Не е направен никаков чекор за донесување на уставните измени

ЕК за Македонија: Не е направен никаков чекор за донесување на уставните измени

Нема конкретни чекори од Македонија во обврските потребни за продолжување на европскиот пат со  вметнување на Бугарите во Уставот, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Во него децидно се истакнува дека не е ништо направено за да се донесат уставните измени, што е обврска од Договорот за добрососедство, а во него се наведува и исполнувањето на Договорот со Грција, но како што се прецизира треба да има добра волја од сите страни.

„Северна Македонија изминатава година не презела решителни чекори за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени, вклучително и за вклучување во Уставот на граѓани кои живеат во нив, а се дел од други народи, како што се Бугарите, согласно заклучоците од јули2022 година, кои се обврзала да ги започне. Билатералните договори со соседните земји, вклучувајќи го и Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија бараат доверба од сите страни“, се вели во извештајот на ЕК.

Додаваат дека секое проширување ја прави Унијата посилна. Кога десет земји се приклучија на ЕУ во 2004 година, тоа го означи најголемото проширување на Унијата досега. Во двете децении оттогаш, новите членки имаат двојно зголемување на животниот стандард, намалување на невработеноста за речиси половина, зголемување на очекуваниот животен век од 75 на 79 години, нагло намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и создавање на 6 милиони нови работни места.

Слично

Поврзани вести