ЕК нема да се меша во спорот меѓу Бугарија и Македонија
Европската комисија (ЕК) нема да посредува во споровите меѓу Скопје и Софија, за историјата и јазикот. Ова се наведува во извештајот на Брисел на напредокот на Македонија на патот кон членството во ЕУ.
Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат неопходни елементи во процесот на проширување кои се наведени во документот, известува (БТВ) јавниот сервис кај источниот сосед.
Комисијата ги поканува двете земји да ги удвојат своите напори да најдат решение на отворените прашања. Споровите меѓу Бугарија и Македонија се однесуваат на толкувањето на историски факти и личности од историјата.
Премиерот Зоран Заев на 11 ноември во Софија треба да се сретне со неговиот бугарски колега Бојко Борисов пред стартот заедничкото ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020.Во моментов се забележува интензивирање на комуникацијата меѓу двете држави на сите нивоа, со цел, како што се вели, за надминување на разликите во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија.
