Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ја прифати кандидатурата, Скопје номиниран за „Европска зелена престолнина“

ЕК ја прифати кандидатурата, Скопје номиниран за „Европска зелена престолнина“

Град Скопје официјално е номиниран за „Европска зелена престолнина“ во 2021 откако Европската комисија ја прифати поднесената кандидатура.

Со тоа главниот град на Македонија влегува во конкуренција за награда која го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина. 

Конкуренти на Скопје ќе му бидат Будимпешта (Унгарија), Калјари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вестерос (Шведска). 

Градот Скопје апликацијата од 150 страници за ова престижно признание ја поднесе во октомври годинава. 

Критериуми за победа се плановите за подобрување на: ублажување на климатските промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и екоиновација, енергетски перформанси и управување.

Во наредниот период Градот Скопје ќе биде предмет на евалуација од стручна комисија.

Слично

Поврзани вести