Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ејуп Алими од ДУИ ќе соработува со СЈО од каде бараат притвор

Ејуп Алими од ДУИ ќе соработува со СЈО од каде бараат притвор

Од ДУИ двајца партиски членови се најдоа на листата на обвинети од страна на Специјалното јавно обвинителство и додека партијата засега нема официјален став, едниот од нив Ејуп Алими посочи дека ќе ја почитува работата на СЈО.

Ејуп Алими во писмена изјава за Алсат М соопшти дека ќе соработува со органите на правдата за да се докаже вистината во врска со покренатите обвиненија.

„Убеден дека ова обвинение за кое дознав од медиумите нема никаква основа, но мислам дека независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста на секој човек. Останувам во служба на правдата. Во меѓувреме очекувам да се почитува пресумпцијата на невиност, додека тоа не се потврди во судска постапка.“ – гласи писмената изјава на Ејуп Алими.

СЈО побара притвор и за Исмет Гури за дела поврзани со изборни нерегуларности. Денеска Кривичниот суд треба да ги разгледа барањата за притвор на 17 лица по предлог на СЈО кои се товарат за повеќе кривични дела.


Слично

Поврзани вести