ЕИБ утре ќе каже дали на Македонија ќе и даде нов заем од 100 милиони евра
Бордот на директори на ЕИБ утре ќе одлучува за новиот заем за Македонија, и извесно е дека земјава ќе добие уште 100 милиони евра од евтината кредитна линија од Банката за малите и средни компании, информира министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Според него, парите треба да легнат на сметката на МБПР во ноември и веднаш да станат оперативни за компаниите.
Ова ќе биде четврта транша од евтината кредитна линија од Европска инвестициска банка. Претходно се реализираа две транши од по 100 милиони евра и една од 50 милиони евра.
Слично
