ЕГЗОДУС: Ова е процентот на Македонци кои би се иселиле
Балканците сакаат да побегнат од земјите каде живеат, а од Македонија би заминале 30% од граѓаните.
Ова го покажа истражување на Галуп. Од Србија сакаат да се иселат 25% од населението, од Косово 42%, а од БиХ и Албанија би заминале 32%.
Од Хрватска би се иселиле само 6% од младите и образовани луѓе, и таа има најмал ризик од „одлив на мозоци“.
Во светот најголем одлив може да има во Сиера Леоне, од каде 78% од луѓето сакаат да се иселат.
Земја која е број еден, односно ветена земја за граѓаните од целиот свет кои сакаат да мигрираат е Нов Зеланд. Зад неа се Исланд и Обединети Арапски Емирати.
Слично
