Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ефтимоски останува на највисоката позиција во Стопанска банка Битола

Ефтимоски останува на највисоката позиција во Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски повторно е избран за претседател и член на Управниот одобор на Стопанска банка а.д. Битола, а Наташа Несторовска е реизбрана како член на Одборот, соопшти банката на Македонска берза. 

Ефтимоски и Несторовска ги избра Надзорниот одбор, а по согласност и на Народната банка.

Ефтимоски на оваа позиција е од 2013 година односно веќе осум години. Тој има повеќегодишно искуство во банкарскиот систем во земјава. Важи за одличен познавач на финансиските текови.

Годинава престижниот финансиски магазин ,,Finance Central Europe“му ја додели наградата ,„Најдобар банкар во Република Северна Македонија за 2020 година“ на токму на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Ефтимоски.

Слично

Поврзани вести