Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ефтим Руменовски го фати крстот во Берово

Ефтим Руменовски го фати крстот во Берово

Ефтим Руменовски прв стигна до светиот крст во Берово. 

Ефтим Руменовски е најсреќниот меѓу дваесетмината учесници, кои се фрлија по светиот крст во водите на реката Брегалница.  Денешното чествување на големиот христијански празник, Богојавление- Водици и чинот на осветување на водите го водеа свештеници од црквата во Берово, а од Буџетот на Општина Берово, за среќниот учесник кој го фати крстот, обезбеден е вредносен ваучер од 10.000 денари.  Прв му честиташе градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Освен од локалната самоуправа, награди се обезбедени и од повеќе приватни компании.

Слично

Поврзани вести