Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕФИМИЈА ДИМОВСКА ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА РАЗВОЈНА БАНКА - доби мандат од четири години

ЕФИМИЈА ДИМОВСКА ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА РАЗВОЈНА БАНКА - доби мандат од четири години

Ефимија Димовска е нов член на Надзорниот одбор на Развојната банка. Димовска доаѓа на предлог на Владата, и ќе има мандат од четири години. Одлуката за влез на Димовска во НО на Развојна банка е објавена на Македонска берза.  

- Ве известуваме дека врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за именување на член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија бр.18 – 10890/1 од 02.12.2025 година, а согласно решението на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија бр.15 – 40232/7 од 30.12.2025 година, за член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 31.12.2025 година е именувана Ефимија Димовска - се вели во известувањето објавено на Македонска берза.

Според податоците од веб-страницата на Развојната банка, во Надзорниот одбор се и Андриана Матлиоска (претседател), Христина Келемен, Тања Михајловска Димитриевска и Александар Ѓорѓиевски.

Слично

Поврзани вести