Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕФЕКТИТЕ СЕ ГОЛЕМИ - седете дома и што помалку дружете се преку личен контакт

ЕФЕКТИТЕ СЕ ГОЛЕМИ - седете дома и што помалку дружете се преку личен контакт

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави поучна фотографија за тоа колку помага изилацијата во заштита од коронавирусот.

Тука се гледаат ефектите колку значи, односно колку помалку луѓе ќе бидат заразени во текот на 30 дена, односно еден месец, доколку се зголеми изолацијата за 50 отсто, а колку тој број уште повеќе ќе се намали доколку изолацијата порасне за 75 отсто.

„Ефектот на социјалното дистанцирање за заштита од коронавирус. Почитувајте ги мерките и препораките“, апелираше министерот на својот фејсбук профил.

Претходно тој објави дека преку скрининг процесот ќе бидат детектирани групите на луѓе коишто можеби се во фаза на инкубација и во овој момент не се свесни дека се позитивни на корона вирус.

Објави и дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата. Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.

Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.

Министерот својата пресконференција за денеска ја најави за во 18 часот, каде што ќе ги соопшти најновите информации во врска со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести