Ееееј... Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! - се огласи поранешниот премиер Зоран Заев
Во Владата синоќа беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Ова е прв официјален договор потпишан по отворањето на преговорите за членство на земјава во ЕУ. Договорот е потпишан на македонски јазик.
За таа вест радоста на фјсбук ја сподели поранешниот премиер Зоран Заев.„Нашиот македонски сон стана реалност! Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик. Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.
Ееееј... Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК !
Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата...
Успеавме !
МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет !
Радувај се мој македонски народе !
Испишавме историја !
