„ЕДНОТО СЕМЕЈСТВО СОЗДАЛО УБИЕЦ, НИ СЕ СЛУЧУВА КЕЦМАНОВИЌ НА УЛИЦА“: Професорката Алексиќ – имаме закон продаден за пари
Една од најгласните за воспитувањето на децата, Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик во скопската гимназијата „Корчагин“, цени дека во Македонија во моментов се закопани двете семејства и на трагично загинатата девојка Фросина, и на „убиецот“ Васил, чие „оружје“ во случајов беше возилото за кое нема возачка дозвола.
- Две семејства. Во едното расте момче кое што на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот. Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот. И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица.
фото: ФБ
