„Едното куче ми го повлече малото дете од раце“: потресно сведоштво на мајка која со двете деца била нападната од ротфајлери
Мајка од Гостивар сподели трауматично искуство откако таа нејзините деца биле нападнати од агресивни кучиња.
Несреќата се случила пред три дена во кичевското село Другово, откако две агресивни кучиња од расата ротвајлер нападнале мајка која била на прошетка со своите две малолетни деца.
Мајката, Лени Анѓелкоска Здравеска за претрпениот хорор и траума сведочи самата во емотивна објава на социјалните мрежи, каде бара итна одговорност од сопственикот и реакција од институциите.
Според сведоштвото на мајката, нападот се случил ненадејно додека шетала со децата. Откако кучињата почнале агресивно да лаат, таа во паника го кренала помалото дете во раце, обидувајќи се со другата рака да го заштити поголемото девојче.
Еве ја нејзината објава споделена на социјалните мрежи:На 22.05.2026 година, во с. Другово – Кичево, доживеавме вистински хорор.
Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две агресивни црни кучиња (ротфајлери).
Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Додека се обидував да го спасам, се појави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето.
Детето беше влечено по бекатонот и во еден момент до нас дојде кола, изгасна колата и детето заврши буквално до предното тркалото речиси под автомобил. Со последни сили успеав да го извлечам, го зедов во раце и влегов во двор кај соседите за да се спасиме. Но, кучињата продолжија да се враќаат по нас.
Исто така детето се здоби со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Најстрашно од сè е што човекот кој ги чува кучињата ладнокрвно одговори дека „не му е ништо“ и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност. Не праша ни како се децата, ни што точно се случило.
Овој случај е пријавен во МВР од страна на брзата помош, дадена е изјава од моја страна.
Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете — утре може да биде нечие друго. Барам одговорност и реакција од надлежните институции. Никој не смее да поминува низ ваков страв и траума.
Ве молам за поддршка, споделување и обединување како народ, за конечно да се стави крај на вакви ситуации пред да биде предоцнa

Фото: Принтскрин/Фејсбук
