Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едномесечно бебе зарaзено со ковид е примено во Детската болница Козле

Едномесечно бебе зарaзено со ковид е примено во Детската болница Козле

Едномесечно бебе e најмладиoт пациент хоспитализиран од ковид во Детската болница Козле. 

Директорот на болницата д-р Бесник Зекири за Канал 5 вели дека за разлика од минатата недела кога во болницата имало огромен наплив на деца позитивни на ковид-19, ситуацијата полека започнува да се стабилизира.

„Сега моментално имаме 16 деца позитивни на ковид. Од нив имаме значи најмали од 33 дена дете па до 13 години. Во принцип помалите деца се постабилни, а повеќе компликации има кај децата од 9 до 13 годишна возраст. Оваа недела од средата, падна бројот на позитивни деца кои доаѓаат“, вели Зекири.

Расте бројот на заболени во земјава. 

Вчера имаше над 1.100 заразени со коронавирусот, а 19 починаа. 

Слично

Поврзани вести