Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едномесечно бебе почина во Скопје - телото предадено за обдукција

Едномесечно бебе почина во Скопје - телото предадено за обдукција

Во Единицата за информации и команда Скопје, вчера во 9.25 часот од Итната медицинска помош е пријавено дека на ул. „Бајрам Шабани" има починато едномесечно бебе.

Во разговор со полициските службеници родителите на бебето кажале дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. 

Слично

Поврзани вести