„Едно зборува пред граѓаните друго надвор од државата“ вели СДСМ за Мицкоски и поддршката за договорот со Бугарија
Владеачката партија денеска со низа критики до првиот опозиционер.
СДСМ го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата.
„На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство.Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски?“, соопштуваат од СДСМ.
Од партијата на Заев велат дека овој однос на Мицкоски бил нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси и покажувало дека нема став.
„Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски.
Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот.“, потенцираат од СДСМ.
