ЕДНО ЛИЦЕ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Се бореше со огнот во Чучер Санево
Пожарот кој веќе неколку дена дивее во Чучер Сандево на Скопска Црна Гора, активираше многу доброволци да излезат и да се борат со огнената стихија.
Во битката со огнот, поради вдишување на чад, повреден заврши Иван Кукуновски, чиј татко објави на социјалните мрежи фотографија.
Градоначалникот на Чучер Сандево, Сашо Комненовиќ, со поддрша за повредениот Иван.
„Од пожаров кој трае веќе трет ден на подрачје на општина Чучер Сандево, имаме едно лице кое побарало лекарска помош како последица од вдишување на чад и 7 опожарени викенд куќи на местото викано Голиово. Кукуновски Иван ти посакуваме брзо закрепнување“, се вели во објавата на градоначалникот.
Фото: Филип Тодоров/Фејсбук
Слично
