Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Плачковица-Штип

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Плачковица-Штип

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица-Штип.

Од полицијата информираат дека Д.В.(65) од село Таринци – oпштина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво.

-Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот, информираат од МВР.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.


Слично

Поврзани вести