Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно лице загина на патот Велес-Градско

Едно лице загина на патот Велес-Градско

Едно лице загина утрово во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес- Градско во непосредна близина на село Ногаевци, информираат од СВР Велес.

Во сообраќајната несреќа учествувале камион „Ситроен берлинго“ со скопски регистерски ознаки и влечно возило марка „Сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистерски ознаки.

Загинатиот (58) бил возач на товарното возило „Ситроен берлинго“, а со повреди се здобило уште едно лице на возраст од 55 години кое било сопатник во товарното возило „Ситроен берлинго“.

Увид на лице место изврши екипа на СВР Велес. 


Слично

Поврзани вести