Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Тешка сообраќајна незгода се случи меѓу камион и автомобил на патот Маврови Анови-Дебар, при што едно лице загина, а три се повредени и пренесени на скопските клиники. 

Од СВР Тетово соопштија дека сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во близина на Ростушки мост се судриле автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и  камион со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. 

Слично

Поврзани вести