Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно лице почина, три се во болница: Судир на три возила на патот Куманово - Табановце

Едно лице почина, три се во болница: Судир на три возила на патот Куманово - Табановце

Синоќа по судир на три автомобили на автопатот Куманово - Табановце, едно лице загина, а три се повредени и завршиле во болница.

- Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф", ,,поло" и ,,бмв". Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово,  информираат од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.


Слично

Поврзани вести