Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едно лице го нарушило јавниот ред и мир на протестот во Охрид

Едно лице го нарушило јавниот ред и мир на протестот во Охрид

Oд СВР Охрид соопштуваат дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир. 

„Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, велат од полицијата. 

Левица и ВМРО-ДПМНЕ повикаа на протест против отварањето на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид. Голем број граѓани излегоа на протест за да го изразат својот револт. За македонската јавност ова е провокација. 

Претседателот на здружението Томе Блажевски вели дека целта не била да провоцираат. 

Бугарските медиуми пренесоа дека имало скандирања против Бугарите. 

фото Охрид Скај

Слично

Поврзани вести