Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едниот трансплантиран бубрег од Емилија Динева не профункционирал

Едниот трансплантиран бубрег од Емилија Динева не профункционирал

Едниот трансплантиран бубрег кој го донираше семеството на починатата Емилија Динева  не профункционирал и морал да биде изваден, потврдиД-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Срцето на Емилија Динева го доби Иван Огненовски, што беше прва трансплантација од ваков тип во историјата на Македонија.

Министерството за здравство објави и дека нејзините бубрези треба да го направат полесен животот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа. Операцијата траела девет и пол час за да се најде прикладна вена и да се поврзе бубрегот со артеријата.

- Успеавме некако да најдеме и да го поврземе бубрегот со артеријата и се израдувавме. Првите капки на урина ги добивме при самата операција. Тоа беше голема радост за сите нас. После 11 минути од пуштањето на крвотокот во бубрегот успеавме и добивме успешна диуреза. Помисливме дека во подоцнежниот период ќе почне да профункционира бубрегот уште подобро, но за жал онаа дискрепанца меѓу дотокот на крв во бубрегот и помалиот одвод на крв направи проблем,  рече д-р Дохчев во емисијата„Слободна ТВ“.



Слично

Поврзани вести