ЕДНИОТ Е НА ОПЕРАЦИЈА: Ранетите во пукањето имаат сериозни повреди
Сериозни повреди имаат двете лица кои денеска се ранети во пукањето во трговски центар во Скопје. Полицајци има во дворот на болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, по попладневното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“.
„Примени се двајца пациенти со прострелни рани, во пределот на стомакот и градниот кош на различни позиции, едниот веднаш по приемот и првичниот преглед е препратен на Клиниката за торакална хирургија, а со другиот пациент веднаш е влезено во операциона сала“, вели директорот на болницата Љубен Арсенков во изјава за ТВ21.
Директорот рече дека станува збор за сериозни повреди, но во моментов не може да прогнозира каков би бил исходот од операцијата.
Медиумите претходно објавија дека Раде Трајковски Штекли е повреден во пукањето. Пред два месеци беше ранет, а пред една година е екстрадиран во Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци.
