Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДНИОТ БРАТ МИНИСТЕР, ДРУГИОТ НАЧАЛНИК, ТАТКОТО СОВЕТНИК“: СДСМ обвинува за непотизам 'ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?'

„ЕДНИОТ БРАТ МИНИСТЕР, ДРУГИОТ НАЧАЛНИК, ТАТКОТО СОВЕТНИК“: СДСМ обвинува за непотизам 'ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?'

Од опозициската СДСМ денеска обвинуваат за голем случај со непотизам во владејачките кругови. 

Од СДСМ истакнуваат дека Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски.

- Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата.

Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ, а таткото Советник во Влада.

Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?

Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели - нагласуваат од СДСМ во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека „додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, државните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ“.

- Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?

Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција! - се нагласува во соопштението на СДСМ.

Слично

Поврзани вести