„ЕДНИ ОБЈАВУВААТ ВИДЕО ОД ПОДНАПИЕНИ ЗАЕВ И ВЕНКО, ДРУГИВЕ КОНТРАУДАР ГО ОБЈАВУВААТ ОРЦЕ ОД КАФУЛЕ. И“? Адвокатот Јанаки распали
Видеото на кое се гледаат лидерот на СДСМ, Венко Филипче и поранешниот лидер на истата партија, Зоран Заев како се веселат наводно во Дубаи, а потоа и наводно објавена фотографија од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, го налути адвокатот Јанаки Митровски, кој истакна дека сепак станува збор за луѓе кои знаат да се опуштат.
„Едните објавуваат видео од поднапиени Заев и Венко во наводно Дубаи. Другиве контраудар го објавуваат Орце градоначалникот од кафуле. И? Која е поентата? Дека се луѓе и знаат да се опуштат со пијачка ко цела Македонија? Абе дно дна ти е нивото на МК политика!!!!“, напиша тој на фејсбук.
Слично
