Еднаш кај Бутарис во Солун, друг пат во Германија: Заев годинава ќе слави дома
Премиерот Зоран Заев годинава поради пандемијата и препораките на здравствените власти Нова година ќе ја дочека во домашна атмосфера. Тоа им го порача на сите функционери и на граѓаните, а во тек е и кампањата Празнувај одговорно. Сепак Заев во годините претходно не празнуваше исклучиво дома. Самиот е љубител и на скијање па во јануари често заминуваше и во познати скијачки центри.
Првата Нова година откако стана премиер беше дочекот на 2018 гопдина. Заев стапи на функцијата во јуни 2017 година, а следната година ја дочека во Солун. Беше на гости кај солунскиот градоначалник Јанис Бутарис и тоа на негова покана, фамилијарно. Стануваше збор за приватна посета сепак.
Веднаш по дочекот од владината прес служба соопштија дека Заев ќе замине на скијање во Италија каде ќе се задржи до 17 јануари 2018 година. Премиерот скијаше во познатиот италијански туристички центар „Вал Гардена“
На скијање замина и во јануари следната година, но во Германија. Во таа земја впрочем ја дочека и 2020 година. Лани ова време беше соопштено дека Заев ќе оди семејно во Германија кај свој другар каде ќе биде и за пречекот на 2020 година.
Годинава скијањето можеби ќе изостане. Премиерот изјави дека поради ситуацијата останува дома.
„Неприкосновеноста на домот е уставна категорија, ако во вила е само со своето семејство тоа е во ред. Битно е да нема групирање, апелираме сите одговорно да празнуваат. Ова е добро за да се видиме со децата, но не значи дека граѓаните не треба да заминат на село ако имаат куќа таму, рече Заев кога ги соопштуваше новиуте мерки и и додаде дека за Нова Година ќе биде дома со сопругата и со децата.
