„ЕДНА ОД ПРВИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ШТО УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАШЕ ПОВРАТОК НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ“: Муцунски објави убави вести
Синоќа беше успешно извршен повраток на македонски граѓани од територијата на Израел. За овие убави вести, на социјалните мрежи се пофали министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
„Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, вечерва пристигна на скопскиот аеродром.
Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“, напиша тој.
Слично
