Една недела во клупа, другата онлајн е опција: Готови се трите сценарија за стартот на учебната година
Владата подготвува три сценарија за тоа како ќе се одвива учебната година 2021/2022, за кои ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа рече дека очекувањата се состојбата со ширењето на вирусот во летниот период да е мирна и да се спроведе првото сценарио кое предвидува целосно враќање на учениците во учлиштата односно наставата да биде со физичко присуство. Сепак има и други две сценарија кои биле дискутирани денеска на Главниот координативен штаб.
МИнистерката додаде дека за трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември.
На новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, Царовска одговори и дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.
Посочи дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.
