Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една недела под лупа: Полицијата тргнува во засилена контрола на автобуси и камиони

Една недела под лупа: Полицијата тргнува во засилена контрола на автобуси и камиони

Сообраќајната полиција ќе се приклучи на европската кампања за зголемена контрола на автобуси и товарни возила, која ќе се спроведува во периодот од 9 до 15 февруари, информираат од полицијата.

Кампањата се реализира во координација со европската асоцијација на сообраќајни полиции, а целта е подобрување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници, со посебен акцент на професионалните возачи.

Во рамки на засилените контроли, полицијата ќе врши проверки на:

  • техничката исправност на автобусите и товарните возила,

  • почитувањето на законските услови за превоз на деца,

  • состојбата на возачите пред организирани училишни, образовни и рекреативни патувања.

Покрај тоа, контролите ќе ги опфатат и сите останати учесници во сообраќајот, при што акцент ќе се стави на:

  • пречекорување на дозволената брзина,

  • возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанци,

  • користење на безбедносен појас,

  • безбеден и правилен превоз на патници и други сообраќајни прекршоци.

Од полицијата потсетуваат дека сообраќајните правила не се препорака, туку обврска, чија цел е заштита на животот и здравјето на граѓаните.


Слично

Поврзани вести