Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една година затвор доби полицаецот кој во Битола тепаше Ром

Една година затвор доби полицаецот кој во Битола тепаше Ром

Полицаецот кој пред две години тепаше Ром во Битола доби една година затвор, соопштија од Македонското здружение на млади правници. Скопскиот кривичен суд во повторената постапка го прогласил полицаецот за виновен, откако Апелациониот суд ја укина пресудата и го врати случајот на повторно одлучување.

„Додека оштетениот бил легнат на земја, обвинетиот го удирал со клоци и тупаници по телото во пределот на главата, по рацете, нозете и грбот, со што употребил прекумерна сила и спрема оштетениот постапил на начин на кој се понижува човечкото достоинство и човечката личност“, се наведува во пресудата.

Од Здружението на млади правници велат дека пресудата е од големо значење, поради тоа што е меѓу првите првостепени пресуди каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник поради употреба на прекумерна сила.

Слично

Поврзани вести