„ЕДНА ГОДИНА ПОМУДАР“: Ристески со емотивна објава на социјалните мрежи
Многу поразлично од вообичаените објави за новините или спроведувањето на работните обврски, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, се огласи на социјалните мрежи со несекојдневна објава.
Ристески сподели дел од домашната атмосфера, во невообичаен амбиен, многу поопуштено и секако со убав повод.
Тој на Фејсбук сподели фамилијарни фотографии од семејното одбележување на неговиот роденден.
- Една година помудар - напиша Ристекси над фотографиите.
Секако неговата објава поттикна бројни коментари, од кои најголем дел беа честитки и желби за успеси.
Слично
