Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни“: Маријан Стевановски со трогателна порака по загубата на синот Филип

„Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни“: Маријан Стевановски со трогателна порака по загубата на синот Филип

Денес се навршува една година од трагедијата што се случи во т.н. дискотека „Пулс“ Кочани, во која го загубивме нашиот сакан син Филип Стевановски. Кога го пишувам овој текст за објавување си спомнувам за 15.03.2025 година во 20 и 15 часот, се слушнавме за последен пат. Филип беше пред тргнување во Кочани. 

Ова го напиша на социјалните мрежи татктоо на Филип, Маријан Стевановски, кој како и многу родители од Кочани и околината тагуваат по своите најблиски, по кобната ноќ пред една година во дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 63 лица. 

- Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни. Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни. Една година без неговата насмевка, без неговиот глас, без неговата прегратка, без него... Времето минува, но болката во нашите души и празнината во нашите срца секојдневно се зголемува. Живееме со спомените на неговата добрина, на неговата искреност, на неговата екстовертност, на љубовта која несебично ја споделуваше околу себе; живееме со спомените за него...

Филип беше нашата радост, нашата гордост и светлина во животот. Големиот Сенека рекол: „не плачеме заради тоа што некој умрел, туку затоа што го изгубивме оној што го сакавме“. Ние Филип го сакавме премногу и затоа загубата е преголема - пишува Марјан. 

Потоа додава дека ниту еден момент од животот не поминува без да помислат на него. 

- Го чуваме во мислите, во спомените, во нашите срца и во љубовта насочена кон него; го чуваме во нас. Филип, ќе ни недостигаш засекогаш. Те сакаме бескрајно и ќе те носиме во нашите срца додека постоиме. Твојата мелодија, твоите дела ќе продолжат да одекнуваат низ вечноста. Ни недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да искажат.

Почивај во мир, наше дете, ангел наш, те сакаме и ќе те сакаме засекогаш - истакна таткото на Филип. 



Слично

Поврзани вести