Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДНА ГАЛИЈА ВО ВАРДАР ИЗГОРЕ: Нема повредени, се истражува дали пожарот е подметнат

ЕДНА ГАЛИЈА ВО ВАРДАР ИЗГОРЕ: Нема повредени, се истражува дали пожарот е подметнат

Во една од скопските атракции, Галиите во Вардар, избувнал пожар. Како што пренесува Макфакс, инцидентот се случил рано утринава, само неколку минути пред 4.00 часот.

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 03.57 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, сопственост на Град Скопје.

Интервенирала единица на противпожарната бригада по што за кратко време пожарот бил изгаснат.

За среќа нема повредени лица, а инцидентот ќе се истражува со цел да се утврдат причините за пожарот и евентуално дали е подметнат.

ФОТО: МИА (архива)

Слично

Поврзани вести