Една доза 65 долари: Мицкоски тврди дека Филипче платил 7,8 милиони долари на фирма посредник за Синофарм вакцините
Министерството за здравсто и исплатило на кинеската компанија Starbi international точно 7,8 милиони долари за да ги набави за Македонија вакцините од компанијата Синфарм. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски на денешниот брифинг објави документ кој според него ја докажува трансакцијата од Министертвото кон оваа компанија, а за сумата вели дека има сознанија дека е само 60 отсто од вредноста на целиот договор односно сета набавка од 200.000 дози вакцини. Уплатата била на 15 февруари годинава. За овој случај опозициската партија зборуваше и пред неколку месеци, кога за уплатата кон кинеска фирма посредник текст објави италијанскиот весник Ла Верита.

Тогаш Министерството за здравство ја демантираше информацијата, но подцна и министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев рекоа дека сепак уплатиле пари кон кинеска фирма и тие после биле вратени назад во буџетот. Мицкоски сега тврди дека доказот од трансакцијата потврдува и дека цената која првично била договарана и уплатена е превисока. Имено со овие пресметки и уплатените 7,8 милиони долари за 60 оттсо од вредноста излегува дека една вакцина би чинела 65 долари.
„Откако беа фатени со рацете во медот, од Министерството се повлекоа и рекоа дека парите се вратени назад во буџетот. Подоцна, на 15 април, Министерството за здравство уплатило кон Синофарм над 155 милиони денари или 3 милиони долари, сума која исто така е 60 отсто од вреднсота на целата набавка, што значи дека една вакцина овојпат чини 15 долари, рече Мицкоски.

За двете уплати – онаа од 7,8 милиони долари и новата од околу 3 милиони долари има запис на порталот „Отворени финансии“, кој ги бележи сите плаќања од буџетот.
