Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едмонд Темелко оди во куќен притвор

Едмонд Темелко оди во куќен притвор

Кривичниот суд му го укинал притворот на Едмонд Темелко и му определил мерка куќен притвор. 

Oваа информација ја потврдуваат од Кривичниот суд. 

Градоначалникот на на Пустец, Темелко најверојатно утре излегува од истражниот затвор во Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ побара Темелко да биде пуштен од притвор поради неговата нарушена здравствена состојба, за што за 19 часот денеска пред Владата најавија и протест. 

Темелко беше притворен во септември на барање на Специјалното јавно обвинителство затоа што тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, а не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата.

Во случајот „Титаник“ на СЈО се гонат и поранешни министри и политичари, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Слично

Поврзани вести