Економија, финансии, бизнис

Контакт

Единствена валидна категорија е резидентно население, вели Симовски

Единствена валидна категорија е резидентно население, вели Симовски

Единствена валидна категорија е резидентно население, вели директорот на Државниот завод за статистика(ДЗС), Апостол Симовски, откако се појави информација дека во јавниот сектор третина од вработените треба да бидат Албанци, и тоа не соодветставува со податоците од пописот. 

„Тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат“, вели Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при усогласување на податоците за алатката „Балансер“.

На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.

„Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население“, изјави Симовски.

Министерството за информатичко општество и администрација пред неколку дена направи промени во балансерот за вработување во согласност со резултатите од последниот попис. 

Имено, во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби. Единствено е точен процентот на Власите во земјава.

Особена разлика се забележува кај Албанците, чиј процент во пописот изнесува 24,30 отсто, додека во балансерот пишува дури 31,54 отсто. 

Слично

Поврзани вести