Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДИНИЦАТА ЗА НАСИЛЕН КРИМИНАЛ ПРИВЕДЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА НАПАДОТ НА БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ: Тие се на возрас од 28, 30 и 32 години

ЕДИНИЦАТА ЗА НАСИЛЕН КРИМИНАЛ ПРИВЕДЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА НАПАДОТ НА БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ: Тие се на возрас од 28, 30 и 32 години

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера лишлеа од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“. 

-Имено, на 27.07.2023 околу 18.30 часот на ул. Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет. Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28.07.2023 лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица.

По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска (29.07.2023) против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „насилство“ по член 386 ст,4 од Кривичниот законик и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести