Единаесет амбулантни возила се упатени на кај превртениот автобус
Возила на брза помош од три града се упатија кон Тетовско каде попладнево има тешка сообраќајна несреќа, откако автобус излета во провалија.
Автобусот се превртел во близина на селото Ласкарци.
На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница.
Според првичните информации, на автобусот му пукнала гума.
Слично
