Еди Рама со нова провокација: Албанците во Македонија сочинуваат над 35 отсто од населението
Албанскиот премиер Еди Рама со уште една провокативна изјава на адреса на Република Македонија.
Во интервју за „Франс 24“ Рама изјавил дека „Албанците во Македонија не се малцинство, туку етничка заедница, која претставува над 35 отсто од населението“.
„Во Македонија нема албанско малцинство. Има албанска националност. Над 35 отсто од населението се Албанци. Единственото нешто што треба да се направи таму е да се исполни Охридскиот договор“, рече уште Еди Рама пред посетата на Црна Гора.
Рама тврди дека учествувал во изработката на таканаречената. „Албанска платформа“ , која беше потпишана од три албански формации од Македонија - ДУИ, „Беса“ и Алијансата на Албанците на 7-ми јануари. Овој документ дополнително ја усложни политичката криза во земјата.
Опозицијата пак тврди дека „Албанската платформа“ не предвидува промена на Уставот, државните симболи и претворање на албанскиот во службен јазик во земјата.
Истовремено денес,претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе ја посети Македонија. Во Скопје тој ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а се очекува двајцата да го анализираат главно прашањето со миграциската криза и улогата на Македонија во неа. Посетата доаѓа во услови на се 'почестите предупредувања за нов бран бегалци, како и во контекст на тензиите меѓу ЕУ и Турција за престанок на миграциониот договор.
Ова е трета посета на Туск во Скопје во последните две години. Првата се одржа во март 2016 година, кога двајцата политичари разговараа за постигнување на заедничко европско решение за миграциската криза.
Во тогашната средба Иванов предупреди за нелегалното влегување во Македонија и рече дека земјата нема да дозволи зголемување на ризиците за безбедноста. Тој рече дека Македонија ќе ги преземе сите мерки за заштита на државните граници и за заштита на националната безбедност.
