Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДИ РАМА НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ: Зошто да чекаме пред затворени граници како во изминатите 500 години

ЕДИ РАМА НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ: Зошто да чекаме пред затворени граници како во изминатите 500 години

Иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија, истакна денеска албанскиот премиер Еди Рама на Економскиот форум во Скопје, на кој присуствува и српскиот претседател, Александар Вучиќ, а нивни домаќин е премиерот Зоран Заев.

Според него треба да се направи сè, за да се врати малку од изгубеното време.

-Не сакаме да живееме во минатот. Преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија. Зошто треба да чекаме затворени со граници и свртени едни кон други со грб како во минатите 500 години, наместо да се има ритам и движење како земјите во Европската унија. Значи утре како дел од ЕУ, нема да се разговара понатаму дали овие четири слободи ќе се овозможуваат во нашиот регион, истакна Рама.


Слично

Поврзани вести