Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама доби три подароци од Ковачевски

Еди Рама доби три подароци од Ковачевски

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на средбата со македонскиот владин претседател Димитар Ковачевски доби три подароци пре дпочетокот на меѓувладината седница на двете земји.
Рама од Ковачевски доби кошаркарски дрес од македонската репрезентација со број „1“, баскет потпишан од премиерот и колекција вино.
„Со мојот колега, премиерот Еди Рама, делиме исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард.

Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците.

Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“, напиша Ковачевски на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести