Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди е посебен и наш брат: Ахмети во прегратка на албанскиот премиер во Охрид (ФОТО)

Еди е посебен и наш брат: Ахмети во прегратка на  албанскиот премиер во Охрид (ФОТО)

Во Охрид се одржува конференциј - (Prespa forum dialogue) по повод годишнината од Преспанскиот договор, а денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со албанскиот премиер Еди Рама. 


Ахмети сподели фотографиии напиша.

„Еди е посебен, задоволство е лесно и братски да зборуваме за нашите заеднички работи и среќа. Му честитав на победата на парламентарните избори и како и секогаш, без сомнение, го уверив дека има брат и отворена врата за добра работа, напиша Ахмети. 


Лидерот на ДУИ вчера зборуваше на главната панел дискусија честитајќи им на премиерот Зоран Заев и на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, што како што рече, ставиле крај на отвореното прашање, па сега Македонија е членка на НАТО. 

„Овој договор го зајакна мирот, стабилноста, ги зајакна и меѓуетничките односи. Ова е големо и историско достигнување, историја направија Германија и Франција кои склучија примирје и ние треба да го земеме тоа како модел овде во регионот на Западен Балкан. Не беше лесно, но требаше храброст и ние да го сториме тоа и да го поставиме како стандард за идните генерации,бидејќи со вековно непријателство не може да се направи ништо. Потребен ни е интегриран регион, затоа што така треба да се движиме напред, така треба да функционираат нашите држави. Се сретнав и со Лајчак и го замолив да ја затвори црната дупка во Европа. Целиот Балкан е Европа, татковината на нашите предци е Европа", рече на крајот од својот говор претседателот на ДУИ, Али Ахмети.


Слично

Поврзани вести