Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДЕН ЗАТВОРЕНИК ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО“: Пандов вели се бараат начини за нивно намалување

„ЕДЕН ЗАТВОРЕНИК ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО“: Пандов вели се бараат начини за нивно намалување

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. 

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини - преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти од осудениците се повратници. 

- За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година - изјави Пандов. 

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман. 

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово. 

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести